Модена денеска во 36. коло од Серија Ц (Б група) го совлада Имолес со 2:1.

Во првото полувреме не видовме голови, но во 69. минута Пергрефи ги доведе домачините во водство.

Израмнувачкиот гол на Имолеза дојде преку Ливие, кој постигна гол од 11 метри на само три минути пред крајот на натпреварот, по што следеше шок и неверување на стадионот.

Во првата минута од судиското надополнување топката доаѓа до голманот на домашната екипа Рикарда Гања која шутира, а таа завршува во мрежата на колегата од другата страна Џанмарино Роси.

https://twitter.com/_GIFN/status/1512855016490483712?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1512855016490483712%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportm.mk%2Fludilo-vo-italija-golmanot-pogodi-vo-prodolzhenieto-od-svojata-polovina-i-go-priblizhi-svojot-tim-do-serija-b-video%2F

Со оваа победа Модена го задржа првото место на табелата и е на добар пат да оствари директен пласман во Серија Б.

Имолезе ќе се бори до крајот барем да игра плеј-оф за да остане во лигата, бидејќи е на 19. позиција со 31 бод, само еден повеќе од последниот Гросето.

Standings provided by SofaScore LiveScore