Екипата на Аталанта заслужено стигна до победа со убедливи 3-1, во осминафиналниот натпревар од Купот на Италија против гостинскиот состав на Сасуоло.
Избраниците на стратегот Џан Пјеро Гасперини покажаа дека се расположени за игра, а водството дојде прилично брзо, кога Де Кетеларе беше прецизен во 24. минута. Минималната предност домаќините ја задржаа на паузата, а во вториот дел само го потврдија она што го најавија.
Де Кетеларе имаше одлична вечер и ја удвои предноста во 63. минута, а на 3-0 зголеми Украинецот Алексеј Миранчук, кој ја затресе мрежата осум минути подоцна. Очигледно беше дека Сасуоло не е висина на задачата, но сепак успеа да постигне почесен погодок во самиот финиш, кога Романецот Болока ги постави конечните 3-1 во 95. минута од натпреварот.
Аталанта во четвртфиналето ќе има исклучително тешка пресметка против Милан, во обидот да обезбеди учество меѓу четирите најдобри во најмасовното натпреварување во Италија.