Репрезентацијата на Македонија иако важеше за аутсајдер во групата сепак не очекуваше да стартува со три порази на Европското првенство во Финска. Најавената битка за освојување на четвртото место и пласман во осминафиналето сега изгледа далечно.
Најмногу надеж имавме против селекцијата на Финска и Шпанија. Со Финска загубивме уште на стартот со 3:1, па денешниот дуел со Шпанија е шансата за нас да ја запишеме првата победа.
„Црвената фурија“ има идентичен старт како и Македонија со три порази во досегашните натпревари. Со ист сет-количник од 1-9, двете селекции ја гледаат шансата да го фатат последниот воз и да се избегне последното место во групата Ц, а евентуално со уште една победа во последното коло да се протнат во наредната фаза.
Пресметката во Тампере денес ќе се одигра од 16:00 часот.