Ждрепката за групите на Светското првенство во одбојка, што ќе се одржи во Русија од 26 август до 11 септември следната година, се одржа во Москва.

На Светското првенство ќе учествуваат 24 репрезентации поделени во шест групи од по четири.

Пласманот во второто коло од натпреварувањето ќе го освојат двете првопласирани екипи од секоја група, и четирите најдобри третопласирани репрезентации.

Последното Светско првенство се одржа во 2018 година во Италија и Бугарија, а титулата светски шампион ја освоија полските одбојкари.

ГРУПА А (Москва): Русија, Србија, Тунис, Порторико

ГРУПА Б (Кемерово): Бразил, Јапонија, Куба, Катар

ГРУПА Ц (Новосибирск): Полска, САД, Мексико, Бугарија

ГРУПА Д (Уфа): Франција, Словенија, Германија, Камерун

ГРУПА Е (Екатеринбург): Италија, Канада, Турција, Кина

ГРУПА Ф (Краснојарск): Аргентина, Иран, Холандија, Египет