Одбојкарската репрезентација на Македонија во натпревар со пет сета загуби од Јапонија во втората пријателска средба меч што се играше во Кавадарци во рамките на подготовките за Европското првенство.
По триумфот над Израел во пет сета, Македонија повторно одигра меч со максимален број на сетови, но овојпат загубивме.
Јапонците го добија првиот сет со 25-23, но следните два сета беа наши. Вториот беше најубедлив на мечот, го добивме со 25-17 и израмнивме на 1-1. Најголема борба имаше во третиот сет кој го освоивме со 32-30 и со пресврт поведовме со 2-1 во сетови.
Големата борба продолжи до крајот на дуелот. Јапонија со 25-23 го доби четвртиот сет и израмни на 2-2. А во последниот ревашвачки сет Јапонците славеа со 15-13 и победија со 3-2.
Утре е ден за пауза на македонската репрезентација, а во недела играме уште еден меч против Израел.