Македонската најдобро рангирана тенисерка Лина Ѓорческа ги заврши своите настапи во квалификациите на Грен Слем турнирот Ролан Гарос во Париз уште во првата рунда.
Ѓорческа на стартот на турнирот излезе на мегдан со Маро Рувруа која беше подобра со 1-2 во сетови (2-6, 7-5, 3-6). Во првиот сет Ѓорческа не блескаше, но во вториот дојде до значаен триумф, го освои сетот и израмни на 1-1.
Сепак, за третиот решавачки сет таа немаше доволно енергија, на ривалката од Франција ѝ дозволи да се одлепи на 2-5 и се веќе беше готово. Рувруа се наоѓа на 255. место на ВТА-листата.