Италијанскиот хит Аталанта од Бергамо, го совлада германскиот шампион Баер Леверкузен со 3-0 и го освои трофејот во Лига Европа, а одлична партија имаше нигерискиот напаѓач Адемола Лукман кој постигна три гола.

Лукман погоди двапати во текот на првото полувреме, а Леверкузен не успеа да го возврати ударот и не беше на ниво во првите 45 минути.

https://twitter.com/i/status/1793363315483406690

Избраниците на Чаби Алонсо не ги оправдаа очекувањата ниту во вториот дел од мечот, откако Џан Пјеро Гасперини го најде лекот за „фармацевтите“ и ги запре сите нивни напади, додека Лукман во 75. минута стрелаше за конечни 3-0.

Ова беше прв пораз за бундеслигашот, кој претходно ја освои титулата во германското првенство без загубен натпревар.

Екипата на Аталанта го освои својот прв историски европски трофеј. Херој на победничкиот тим беше феноменалниот Адемола Лукман, кој запиша хет-трик и донесе огромна радост за своите навивачи. Новиот шампион во Бундеслигата конечно потклекна и ја заврши неверојатната серија од 51 меч без пораз.