Фудбалерите на Тиквеш од Кавадарци беа подобри од Воска Спорт со 2-1 на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје со што го освоија првиот пехар во Купот на Македонија
Кристијан Стојкоски во завршницата на првото полувреме на мајсторски начин со маестрален удар, погоди од слободен удар за предност од 1-0 на Тиквеш пред полувремето.
Избраниците на Ѓорѓи Мојсов прикажаа повеќе во пресметката на Арената и заслужено стигнаа до трофејот.
Откако рамката од голот ги спречи да поведат во раната фаза, сепак, Кристијан Стојкоски обезбеди водство со фантастично изведен слободен удар во 41.минута од мечот.
Кавадарчани искористија уште една шанса во вториот дел, односно во 59. минута кога Луан Силва погоди за 2-0, по што Никола Шаркоски беше стрелец за Воска во 77. минута по една несреќна интервенција на голманот на Тиквеши ја врати надежта на Воска.
Воска имаше уште една голема шанса во втората минута од судиското надополнување, но голманот на Тиквеш одбрани и славеше со 2-1.