Ромелу Лукаку и Лоренцо Пелегрини погодија за водство на „волчицата“ од 2-0 , но Верона имаше шанса да го намали резултатот во 64. минута, кога Ѓуриќ не искористи пенал.
Верона, сепак, во продолжение од второто полувреме постигна гол и намали на 1-2, а со тоа внесе неизвесност во завршницата.
Рома со оваа победа скокна до осмата позиција и има 32 бодови, додека Верона е на 18. место со 17 бода.