Хрватска загуби од селекцијата на Унгарија со 26-29 и останаа без шанси за пласман во полуфиналето на Европското првенство во ракомет.
Унгарија на полувремето имаше водство од 14-13, а Хрватска конечно до водство стигна во второто полувреме (20-19), меѓутоа поради големиот број на технички грешки скапо ја чинеа.
Хрватска ѝ дозволи на Унгарија да побегне на два гола разлика (23-25), по што стигна до уште едно израмнување (25-25), но потоа следеше распад и пораз од 26-29.
Најефикасен кај Унгарија беше Имре со седум голови, додека Главаш и Лучин постигнаа по пет за Хрватска.
Хрватите се на петтата позиција во групата 1 со еден освоен бод, додека Унгарија е втора со четири бода.