Репрезентативецот на Македонија, Костадин Петров во новата сезона ќе настапува на Исланд и ќе го носи дресот на Тор Акурејри, клуб кој е предводен од македонскиот стратег Стевче Алушовски.
Денес раководството на Тор Акурејри и Петров го официјализираа договорот, кој ќе биде со важност од една година и со опција на продолжување на истиот, доколку двете страни бидат задоволни од соработката.
Петров потекнува од составот на Борец, играше за Радовиш и Куманово, пред да се пресели во Металург, од каде замина во Пелистер. Настапуваше за романската Сучеава и шпанската Гвадалахара, а минатата сезона играше за тимот од Автокоманда и шампионот Вардар.
Тор Акурејри за влакно не успеа да се пласира во елитната конкуренција на Исланд, но сезонава има зголемени амбиции, а Петров треба да му помогне на клубот во нивното остварување.