Италијанскиот калчолигаш Удинезе се пласира во трето коло од италијанскиот Куп, откако вечерва славеше со 2-1 против нисколигашот Фералпизало.
Жерар Деулофеу од пенал во 12. минута прв ја затресе мрежата на гостинскиот тим, по што до вториот погодок се чекаше до 64. минута, кога Исак Суксес стрелаше за 2-0.
Фералпизало не се откажуваше од сензација, па набрзо преку Лука Зилигарди погоди за 1-2, по што тргна и по втор гол, но сепак немаше сила за такво нешто.
Македонскиот фудбалер Илија Несторовски доби шанса од клупата, кога влезе во финишот од мечот.