Легендарниот шпански фудбалер и капитен на Бетис Хоакин, кој на 21 јули ќе наполни 41 година, на особено емотивен начин ја прослави неодамнешната победа на Купот на кралот во Севиља.

По големата драма, и победата на пенали против Валенсија во финалниот меч , Хоакин само падна на колена и ги крена рацете кон небото. Тоа беше негов втор трофеј во Купот на кралот освоен во дресот на Бетис, а претходниот пат беа најдобри во 2005 година.

Хоакин и пред точно 14 години го освои Купот на кралот во дресот на Валенсија.

Тогаш позираше гол покрај трофејот, а сега ја повтори оваа необична прослава.

https://twitter.com/Football__Tweet/status/1518634863821312000?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1518634863821312000%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fsport%2Ffudbal%2F3921133%2Fhoakin-kup-kralja-betis-valensija-fjorentina-malaga