Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, го пофали својот колега од Вилјареал, Унаи Емери и вели дека тој и фудбалерите нема да го потценат шпанскиот тим, како што можеби тоа го сториле Баерн Минхен и Јувентус.
„И порано имав голема почит кон Унаи и тимот на Вилјареал, но ги гледав натпреварите со Баерн и Јувентус и бев импресиониран. Унаи е тренер кој е посебен за деталите. Тој се подготвува за сите ситуации. Тие имаат различни начини да ги градат своите напади, да вршат притисок и да реагираат на различен резултат. Имаат тренер од светска класа кој врши неверојатна работа. Овој меч е посебен, луд, огромен. Толку многу тренери и играчи даваат се од себе цел живот, но не можат да се доближат до полуфиналето на ЛШ. Треба да го цениме тоа и да уживаме. Можеби Јувентус и Баерн малку го потценија Вилјареал, но тоа нам нема да ни се случи. Тие сакаат да бидат во финалето, но тоа важи и за нас.“, изјави Клоп на денешната прес-конференција.
Ливерпул утре го пречекува Вилјареал на „Енфилд Роуд“ во првиот меч од полуфиналето на Лигата на шампионите.