Динамо Загреб славеше со убедливи 3-0 во дербито против Осиек во 34. коло од хрватската Прва лига, па така дојде на чекор до освојување на титулата.

Оршиќ во 34. минута погоди за водство од 1-0 против Осиек, кој потоа остана со играч помалку поради вториот жолт картон на Чеберко.

Мечот беше решен во вториот дел, кога Спикиќ најпрво погоди за 2-0 во 60. минута, а потоа во завршницата Менало зголеми на 3-0.

На мечот заиграа и Стефан Ристовски и Аријан Адеми, со тоа што капитенот на Динамо беше заменет во вториот дел.

Динамо е прв со 73 бодови, по што следи Хајдук со четири бодови помалку, а третопласиран е Осиек со 65.