Фудбалерите на Уругвај со максимални девет бода го освоија првото место во групата Ц на Копа Америка. Тие во натпревар од третото коло во Канзас Сити го совладаа домаќинот САД со 1-0 и со тоа го елиминираа од понатамошното натпреварување.
Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Матијас Оливеиа во 66-та минута, по одбиена топка на американскиот голман Мет Тарнер, кој со голема тешкотија го спречи ударот со глава на Максимилијан Араухо.
И овој натпревар не помина без спорни судиски моменти, бидејќи одлучувачкиот момент е многу контроверзен. На видеото кое се појави по натпреварот јасно се гледа дека Оливерa беше со цело тело пред американската одбрана во моментот кога Араухо упати удар кон голот. Откако голманот одбрани, тој се активираше и постигна гол, но голот требаше да биде поништен. Останува нејасно зошто ВАР не беше активиран по овој гол.
На крајот од натпреварот, капитенот на домашната селекција и играч на Милан, Кристијан Пулишиќ беше крајно лут на судиите, а камерите го фатија како им сугерира на судиите да одат да слават заедно со играчите на Уругвај. На тоа судиите одговорија и не се ракуваа со Пулишиќ.
Соединетите Американски Држави групното натпреварување го завршија на третото место со три бода. Второто место и пласман во четвртфиналето од оваа група го обезбеди Панама, која во Орландо ја победи Боливија со 3-1