Австралија во 3-то коло од група Д на СП ја победи Данска со 1-0 со голот на Леки во 60 минута, и се пласира во осмина финале како второпласирана со ист број на бодови. Во другиот натпревар Тунис со 1-0 триумфира над Франција, но тоа беше само пирова победа за тунижаните.
Натпреварот по австралиско време се играше на полноќ, но тоа не им сметаше на илјадници Австралијанци на улиците на своите градови да го следат натпреварот против Данска. На социјалните мрежи се појавија снимки од целосен хаос после голот што го постигна Леки за водство на Австралија. Во многу градови на целата земја гореа факли, се пиеше и пееше, а големата прослава на победата продолжува и по завршување на натпреварот.
https://twitter.com/YahooSports/status/1598000821752729600?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1598000821752729600%7Ctwgr%5Ec2c346d1e5cb81f3d00774d051b9eeff4718c70d%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fpogledajte-kaos-u-australiji-nakon-gola-protiv-danske%2F2416705.aspx