Неверојатни сцени се случија на натпреварот помеѓу Тунис и Франција, бидејќи по последниот судиски свиреж при резултат 1-1, се јавија од ВАР собата. Судијата Метју Конгер доби повик да го прегледа голот кој во 98. минута го даде Антоан Гризман за реми на „триколорите“.
Ситуацијата беше деликатна, иако веќе се означи крај, судијата од Нов Зеланд мораше да ја прегледа случката. Гризман беше во офсајд по првичното уфрлување во шеснаесетникот, а со топката намерно играше дефанзивец на Тунис, пред францускиот ас да ја смести во мрежата. Самата ситуација е во најмала рака спорна, бидејќи Гризман иако беше во офсајд во почетокот на акцијата, навремено се извлече и сочека грешка на дефанзивците на Тунис.
Конгер по неколку пати прегледување на снимката, се врати на терен и покажа дека голот не важи, на одушевување на туниските фудбалери и навивачи. Потоа натпреварот продолжи и се играа уште минута-две, пред повторно да биде означен крај.
За Французите овој дуел не беше важен, па поради тоа поразот, освен за сопствен престиж нема да влијае на состојбата во групата.