Иако можел да побара да го шутира пеналот, кој го реализира Меси за конечни 4-1 против Бриж, Мбапе отстапил, па на француската и европска јавност ѝ откри дека тоа го направил во интерес на Аргентинецот.
„Ќе ни треба Лионел Меси и Меси останува Меси. Ќе ни треба во продолжение на сезоната, а сигурен сум дека ќе ни помогне и ќе биде најдобар кога најважните мечеви ќе дојдат. Него му треба да ја набилда самодовербата низ вакви мечеви. И добро е за него што мечот го заврши со два гола, но тоа е добро и за нас што тој даде два гола“, вели Мбапе.
Французинот има 12 гола и 11 асистенции во 22 меча досега.
„Јас само се обидувам да му помогнам на тимот, не ми е целта да покажам кој е газда тука. Едноставно, да му помогнам на тимот да победи со моите голови, јас асистирам, тие мене ми асистираат. Најважно е да победуваме и да играме добро“, додава Мбапе.