Пари Сен Жермен ја оствари 17. победа во Лига 1 оваа сезона, совладувајќи го Тулуз со 2-1. Иако значително ослабени, без Мбапе, Нејмар и Верати, сепак, „светците“ со пресврт стигнаа до триумф.
Ван ден Бумен во 20.минута ги изненади домашните фудбалери и голманот Донарума за водство на Тулуз, но израмни Ашраф Хакими со голот во 38.минута.
Лионел Меси беше стрелец на победничкиот гол во 58.минута од дуелот.
ПСЖ има 54 бодови на првото место на табелата, по што следи Марсеј со 46, а Ленс има еден помалку.