Сасуоло успеа да ја прекине позитивната серија на Аталанта совладувајќи ја со 1-0. Тимот од Бергамо играше со фудбалер помалку еден час на овој меч, откако во 30.минута црвен картон доби Јоаким Маеле во 30.минута.
Арманд Лориен во 55.минута го постигна победничкиот гол за Сасуоло.
Аталанта останува на шестата позиција со 38 бода, додека Сасуоло сега е на 15. позиција со 23 бода.