Легендарниот Гери Невил, човекот кој остави силен белег во Манчестер јунајтед во последно време воопшто не ги штеди од критики „црвените ѓаволи“ што е и очекувано зашто најтрофејниот англиски клуб воопшто не е конкурентен за трофеи. И попладнево (17.30 часот), Јунајтед гостува на „Итихад“ во градската пресметка со Сити.

Според Невил, во овој момент од овој тим на Јунајтед, ниту еден фудбалер не може да биде стартер кај Пеп Гвардиола во Манчестер сити, па „граѓаните“ се апсолутни фаворити за победа и да ја продолжат трката за шампионската круна.

„Да бидам искрен – ниту еден од Јунајтед не може да биде првотимец во Сити. Да одиме по линии, Дијас, Лапорт, Кансело, Вокер се подобри од дефанзивците на Јунајтед. Во среден ред, Фернандињо, Родри се подобри од било кој играч за врска на Јунајтед, а Бернардо Силва, Гундоган, Де Брајне…? Бруно Фернандеш е единствен од составот кој би можел да биде во прв тим, ама само ако ги гледаме последните 12 до 18 месеци. Ама, јас не можам да го одбреам Бруно пред Де Брајне или Бернардо Силва. За нападот, ни Роналдо во моментов според актуелната форма, нема место во стартниот тим на Сити“, рече Невил.