Уругвајскиот голгетер, ветеранот Луис Суарез, продолжува да доминира во бразилското првенство, откако ноќеска постигна нови два гола во дресот на Гремио.

Тој погоди во триумфот на бразилскиот гигант против Аиморе (3-0) и тоа во 62. минута за 2-0 и пред крајот на мечот со што го постави конечниот резултат.

 

Со ова, 36-годишниот Суарез, кој е поранешна ѕвезда на Ајакс, Ливерпул и Барселона, дојде до ефект од седум гола во петте меча досега одиграни во дресот на Гремио.