Реал Мадрид ја задржа капиталната предност од осум бодови како лидер во Примера пред второпласираната Барселона, откако триумфираше во  дербито на домашен терен против Атлетик Билбао.

Во отсуство на суспендираниот Винисиус Жуниор, тренерот Карло Анчелоти се потпре на Родриго и на Брахим Дијаз, а тие имаа одлична соработка за првиот гол во осмата минута.

,

Херој во таборот на „кралевите“ беше Бразилецот Родриго, кој ги постигна двата гола, по еден во обете полувремиња. Првиот го реализира уште во осмата минута по еден бравурозен слалом со прекрасен удар од дваесетина метри а по асистенција на Дијаз, а вториот во 73. минута по додавање на Белингам.