Астон Вила се избори за реми и го сопна Манчестер јунајтед, како одмазда за елиминацијата во ФА-купот после вешерачните 2-2, кои ги обезбеди најголемото засилување на бирмингемскиот клуб, Фелипе Кутињо, екс-фудбалерот на Ливерпул, кој дојде од Барселона.

https://twitter.com/footballdaily/status/1482435132959170561?s=20

Кутињо даде гол за реми на осум минути пред крајот, откако Ремзи четири минути претходно ја врати Астон Вила во мечот после големите два гола предност на „црвените ѓаволи“ со погодоците на Бруно Фернандеш во 6-та и 67-та минута од мечот.

Јунајтед со овој бод дојде до вкупно 32 и е седмопласиран, веќе пет бода од зоната за ЛШ, додека Астон Вила со 23 бода е на 13-та позиција во Премиерлигата.