Португалските фанови за неколку часа ги купија сите предвидени билети за плејоф натпреварот меѓу Португалија и Македонија на стадионот „Драгао“.
Федерацијата најави дека денеска продажбата ќе започне во 9 часот, за неколку часа подоцна да биде објавено дека сите билети се распродадени.
Медиумите објавија фотографии од редиците пред билетарниците на стадионот во Порто, што беше и јасна најава дека „Драгао“ ќе биде исполнет до максималниот предвиден капацитет.
Билетите за дуелот Португалија-Македонија се продаваа во три категории, со цени од 10 до 15 евра, а покрај продажбата во билетарниците, достапни биле и онлајн и во одредени продажни места.
Португалија ќе ја пречека нашата репрезентација во вторник од 20:45 часот, а победникот ќе избори место на Светското првенство во Катар.