Словенечките ски-скокачи доминираа на Планица .
Словенците ги зазедоа првите три места и со тоа го „исчистија“ подиумот.
Победи Жига Јелар, а зад него завршија Петер Превц и Анже Ланишек.
Жига Јелар победи на првита скокалница од финалето на Светскиот куп со 468,2 поени.
Интересно, ова е негова прва победа во кариерата.
Покрај тројцата Словенци на подиумот, четврти беше уште еден словенечки скокач Тими Зајц.
Јелар сега води во трката за Кристалниот глобус во ски скокови.
Покрај споменатата четворка во Топ 30 од Словенците се најдоа и Анже Семенич, Бор Павловчич, Ловро Кос и Цене Превц.
Ова не е прв пат тројца Словенци да се најдат на подиумот, тоа се случи во 2016 година во Сапоро, кога во Финска првите три места беа Петер Превц, Домен Превц и Роберт Крањец.