Англискиот репрезентативец Маркус Рашфорд сака заедно со Единсон Кавани да го напушти Манчестер Јунајтед и да се пресели во Барселона. Оваа вест ја лиферуваа неколку шпански медиуми и делува навистина изненадувачки. Но, и јасно е дека Рашфорд не е комплетно задоволен од својот статус на „Олд Трафорд“.
По враќањето на Кристијано Роналдо, се чини дека и тој падна во втор план, посебно во третманот на медиумите кон него. Целата „слава“ повторно ја има Португалецот, а тоа му смета на Рашфорд.
Сепак, тој има договор со Манчестер Јунајтед и клубот нема така лесно да му дозволи да замине. Посебно што уште двајца офанзивни играчи се на излезна врата, Антони Марсијал и Џеси Лингард.