Тотенхем славеше на домашен терен против Барнли со 1-0, а единствениот гол на натпреварот го постигна Хари Кејн, па така лондонскиот тим со новите три бода се искачи на четвртата позиција и се наоѓа во пол-позиција за место во Лигата на шампиони.
Екипата на Антонио Конте одигра многу добар натпревар, а голот за победа го постигна Кејн од пенал во судиското надополнување на првото полувреме, по што мрежите на двете екипи мируваа до крајот на натпреварот.
Лондонскиот тим има 68 бодови на четвртата позиција во Премиерлигата, односно два повеќе од Арсенал, кој има одиграно еден меч помалку.