Караорман сезонава продолжува со сигурните игри во третата македонска фудбалска лига.

На гостувањето кај главниот конкурент за првото место Црно Буки славеше со 2:3 и останува осамен на врвот од табелата, место кое води до промоција во еден ранг погоре а тоа е Втората Македонска фудбалска лига.

Стружани уште во 12. минута од мечот го отворија резултатот за водство од 0:1, а погодокот го постигна Илија Далчески.

Во второто полувреме 50. минута Ѓорѓиески зголеми на 0:2. Шест минути подоцна Благоја Наумоски намали на 1:2 и ги врати надежите на домашните дека ќе останат непоразени.

Никола Димов стрелаше за 1:3 за зголемување на предноста а до крајот домаќините само го ублажија поразот и намалија на 2:3.

По натпреварот со изјава искусниот напаѓач на Караорман, Климе Далчески:

“Ова беше дерби натпревар кој во голема мера одлучува за конечниот распоред на табелта. Задоволен сум што ја остваривме целта и триумфиравме на ова тешко гостување. Непотребно примивме гол при крајот на мечот и се појави нервоза кај играчите, но успеавме да го задржиме водството.

Сакам да им се заблагодарам на домаќините на коректниот пречек, а посебна благодарност упатувам до струшката публика која допатува специјално да не поддржат и секако до најверните и најлојални “Паткари” кои не бодреа цел натпревар.” –  изјави Далчески.

“Во недела играме уште еден тежок меч против екипата на Македонија Враништа и очекувам голема посетенот и поддршка од трибините. Моите очекувања се дека ќе славиме и ќе презимиме на првата позиција на крајот од есенската полусезона.” – дополни Далчески

ТМФЛ Југозапад – Табела 2021/2022

ПозЕкипаPWDLFAGDPts
11211104510+3534
2128223918+2126
3117132522+322
4115602812+1621
5126332820+821
6114432920+916
7124443129+216
8114072125-412
9123272225-311
10122462134-1310
11112361327-149
121220101352-396
1311128929-205