Фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години е поразена од Швајцарија во второто коло од квалификацискиот турнир кој се игра во Скопје за пласман на Европското првенство.
По поразот од Украина во првото коло, избраниците на Тони Јакимовски денеска со 2-0 беа поразени и од Швајцариај со што ги загубивме и теоретските шанси за пласман на континенталниот собир.
Швајцарија беше значително подобар противник на денешниот дуел а во 12. минута капитенот на Швајцарија, Жуниор Луке погоди за водство од 1-0.
На десет минути пред крајот Стојилевски направи фаул за пенал кој го реализираше Ромео Бенеј за конечни 2-0.
Во другиот натпревар од нашата група, Украина со 3-0 беше подобра од Летонија.
Во последното коло кое се игра на 26. март, Македонија против Летонија ќе се бори за избегнување на последното место во групата.