Русија победи убедливо со 4:0 во пријателскиот меч одигран во Москва против Србија, а освен головите, дуелот го одбележа и еден невообичаен прекин. Еден навивач влезе на теренот и речиси една минута успешно им бегаше на редарите, на кои им беше потребно време да го совладаат неканетиот гостин на теренот.

Според руските медиуми, момчето кое втрча на теренот е фан на тамошниот популарен јутјубер Андреј Бурим (познат како Mellstroy). Токму Mellstroy, од неодамна нуди 30 милиони рублји (околу 300.000 евра) на секој оној кој би успеал да влезе на теренот за време на финалето во Лигата на шампиони со маица на која ќе биде неговото лого.

 

Дел од фановите го обвинија блогерот дека е преварант и дека наводно не ги исплаќал парите за некои други претходни предизвици кои ги нудел.

Инаку Mellstroy може да биде испорачан во Русија откако беше ставен на потерница. На овој јутјубер му се заканува затворска казна поради избегнување на воената обврска.