Младата македонска фудбалска репрезентација попладнево од 15 часот гостува на Фарски Острови во третиот меч од овој евроквалификациски циклус во обид да стигнат до првата победа и со тоа да фатат победнички залет за да бидат конкурентни во групата после поразот и ремито без даден гол во воведните два меча минатиот месец.
Играчот за врска на младата репрезентација на Македонија Али Адем со нетрпение го очекува денешниот натпревар, целта е јасна на сите фудбалери, а тоа е забележување на првата победа во овие квалификации.
“Максимално сме фокусирани на натпреварот со Фарски Острови, со нетрпение го очекуваме утрешниот дуел. Имаме доволно време да се прилагодиме на временските прилики тука, и да се подготвиме што подобро за мечот. Идеме чекор по чекор, верувам во моите соиграчи, имаме квалитет и доколку одиграме како што од нас очекува селекторот, ке ја оствариме целта, а тоа е да се вратиме дома со три бода. Нема да биде лесно, во денешниот фудбал нема слаба репрезентација, истото важи и за нашата група. Фарски Острови е незгодна селекција, поготово кога игра на домашен терен. Играме на мал стадион, со вештачка трева, нема да биде лесно, но ќе дадеме се од себе за да ги освоиме трите бода.” – изјави Адем.