Македонскиот репрезентативец Андреј Магдевски одигра неверојатен натпревар за Плоешти против Динамо Букурешт и заслужено ја понесе наградата за МВП на 2.коло во романскиот кошаркарски шампионат.

Плејмејкерот запиша трипл-дабл со 13 поени, 13 асистенции и 10 скока во победата на Плоешти од 85-61 против Рапид Букурешт. Поради овој фантастичен ефект тој е прогласен за најдобар играч на втората рунда во Романија.