Актуелниот НБА шампион, Голден Стејт го победи Милвоки Бакс, шампионот од 2021 година со резултат 125:116. Вориорс до овој триумф дојде после продолжение откако регуларниот дел заврши со резултат 111:111.

Кај домашните најдобар играч беше Стеф Кари, кој постигна 36 поени, а додаде шест скока и четири асистенции, погоди шест од 15 шута од зад линијата за три поени. Клеј Томпсон постигна 22 поени.Кај Милвоки без помошта на Јанис Адетокумбо, Мидлтон стигна до 19 поени.

Резултати: Мемфис – Далас 112-108, ЛА Клиперс – Њујорк 106-95, Шарлот – Јута 111-119, Детроит – Индијана 115-121, Орландо – Мајами 126-114, Атланта – Бостон 125-134, Хјустон – Чикаго 111-119, Њу Орлеанс – Оклахома 96-110 и Феникс – Сакраменто 119-128.