Кошаркарот кој ја сруши Србија, Денис Шредер имаше извонредно Светско првенство и заслужено ја доби наградата за МВП на турнирот.
Германија ги доби сите натпревари на Светското првенство, на перфектен начин стигна до историското злато, а предводник им беше Денис Шредер.
Тој потфрли само на мечот против Летонија кога шутираше 2/26 од игра. Во останатите мечеви беше брилијантен.
Во финалето против Србија постигна 28 поени и беше најдобар на теренот. Неговиот просек на првенството е 19,1 поен, 6,1 асистенции и два скока.
Покрај Шредер во идеалната петорка на Мундобаскетот се најдоа Шеј Гилџес-Александер (Канада), Еотни Едвардс (САД), Богдан Богдановиќ (Србија) и Лука Дончиќ (Словенија).