За„Наградата Пушкаш“ која се доделува за најдобар гол во годината, меѓу кандидатите треба да биде еден фудбалерот на младинскиот тим на Бенфика. Имено, Жоао Невес, кој игра за младите од споменатиот португалски клуб, изведе вистинско ремек дело. И тоа во големото дерби со Спортинг.
Навистина генијално и ефикасно. Гол што вреди да се види, а можеби и награди. Патем, треба да се забележи дека Жоао Невес игра во конкуренција на 19-годишници, а има 17 години -роден е на 27 септември 2004 година.