Неверојатни вести доаѓаат од Англија. Фудбалерот на Брајтон, Ив Бисум беше уапсен во ноќен клуб. Тој беше уапсен од полицијата во раните утрински часови и изнесен со лисици на рацете. Бисума го помина денот во ќелија.
По пријава од девојка, двајца мажи беа уапсени за сексуално вознемирување во раните утрински часови во средата. Жртвата доби помош од полициски службеници- пишува во соопштението на полицијата во Сасекс.
Фудбалерот од Мали е најдобриот играч на Брајтон и затоа го привлече вниманието на многу тимови. Се зборуваше дека тој може да ја промени средината во јануари, а Ливерпул, Манчестер Јунајтед и Арсенал го сакаат во своите редови. По повод овој настан се огласи и неговиот клуб.
Еден наш фудбалер беше уапсен и соработува со полицијата. Целиот случај е во процес на истрага и затоа не можеме да дадеме повеќе информации – се наведува во соопштението на англискиот клуб.