Дерозан со поени или асистенции учествуваше во 13 од 17-те поени на својот тим во продолженијата за победa на Чикаго, откако во самиот финиш од регуларниот дел му затрепери раката од слободните фрлања, па промаши на 118-118 за победникот да мора да се решава во дополнителните минути.
На крајот на контото имаше 50 поени и испиша историја во најсилната кошаркарска лига, зашто од формирањето немало толку стрелци со ваков ефект, а сезонава до оваа бројка дојдоа Стеф Кари, Џејлен Браун, Џоел Ембид, Јанис Адетокумбо, Кајли Ирвинг, Леброн Џејмс, Кевин Дурент, Џејсон Татум, Лука Дончиќ, Садик Беј, Џа Морант, Тре Јанг и Карл-Ентои Таунс. Од сите овие, Ирвинг и Таунс сезонава дојдоа и до 60 постигнати поени на меч.
Дерозан стана шести кошаркар на Булс со вакво остварување, а Мајкл Џордан е убедлив со дури 20 пати, а покрај овие двајца Зак Лавин, Џими Батлер, Џамал Крофорд и Чет Вокер уште се запишале во историјата на клубот со 50 поени.
Зак Лавин со 21 поен, Никола Вучевиќ со 20 поени и 13 скока, како и Патрик Вилијамс со 10 поени и 12 скока дадоа придонес во триумфот на „биковите“. Кај Клиперс, пак, Реџи Џексон погоди 34 поени, Пол Џорџ имаше 22, Маркус Морис – 20, а Николас Батум – 17.
Јанис Адетокумбо со 44 поени ја водеше Минесота до трилер победа со 120-119 по продолженија против Бруклин, погодувајќи два пенали на три секунди до крајот и обезбеди триумф.
Во другите мечеви Детроит – Филаделфија 102-94, Атланта – Кливленд 131-107, Јута – Л.А. Лејкерс 122-109