Манчестер Јунајтед има голема желба да го доведе уругвајскиот напаѓач Дарвин Нуњез во летниот преоден рок. Како што откриваат медиумите на Островот, раководството на Манчестер Јунајтед е во потрага по централен напаѓач бидејќи Едисон Кавани и Кристијано Роналдо влегоа во зрели играчки години.

Нуњез е млад и во него гледаат играч за иднината.Извонредниот напаѓач на Бенфика има 22 години и е во одлична форма оваа година. Тој постигна 26 гола во сите натпреварувања и забележа две асистенции.

Манчестер Јунајтед е подготвен да плати 70 милиони евра за Уругваецот, но ќе има сериозна конкуренција и во Њукасл и во Јувентус.