И покрај шокантното испаѓање од Македонија во квалификациите за Светското првенство, италијанскиот селектор Роберто Манчини изјави дека сака да остане на клупата .
Италијанскиот селектор Роберто Манчини изјави дека сака да остане на функцијата и покрај тоа што Италија, актуелниот европски првак, не успеа да се пласира на Светското првенство втор пат по ред.
Италија беше елиминирана од Македонија во минатонеделното полуфинале од плеј-офот со победа од 1-0. Сепак, немаше повик за смена на Манчини, а претседателот на Италијанската фудбалска асоцијација (ФИГЦ), Габриеле Гравина го поддржа да продолжи на позицијата селектор.
„Разговарав со претседателот на Федерацијата, се согласуваме за сè. Мило ми е што повторно ќе разговараме во следните неколку дена“, рече Манчини пред пријателската посета на Турција во вторник.
„Сега се фокусираме на овој натпревар, а потоа ќе разговараме за тоа што треба да подобриме во иднина. Тоа е се“.
Чувствувам дека сакам да останам бидејќи се уште сум млад. Сакав да освојам уште едно Европско првенство и едно Светско првенство, но ќе морам да почекам малку за Светското првенство, изјави Манчини и додаде дека Италија планира да повика нова генерација играчи.
„Дефинитивно ќе додадеме помлади играчи, со надеж дека ќе имаат важни улоги во своите клубови бидејќи тоа е важно. Ќе работиме на тоа и ќе видиме каква е ситуацијата“, додаде тој.