Екипата на Астон Вила имаше два гола негатива на домашен терен против Ливерпул, но во финишот блескаше младиот напаѓач Џон Дуран и со два гола донесе реми (3-3). Со овој бод тимот од Бирмингем е уште еден чекор поблиску до пласман во Лигата на шампионите.

Ливерпул поведе со автоголот на Емилијано Мартинез во втората минута, но израмни Јан Тилеманс во 12.минута.

Коди Гакпо во 23.минута постигна втор погодок за гостите за водство на одморот.

Џерел Куанса беше стрелец за 1-3 на стартот на второто полувреме и се очекуваше дека Ливерпул е блиску до победа на „Вила парк“.

ВАР поништи два гола. Прво Вила погоди преку Воткинс, но имало офсајд при акцијата, па следуваше гол на Елиот, но и тој беше поништен  поради недозволена позиција. И се играше мирно се до 85. минута кога Дуран стапи на сцена па со два гола во три минути донесе конечни 3-3.

Ливерпул во последната рунда од Премиер лигата игра со Вулверхемптон, додека Астон Вила гостува кај Кристал Палас.