Екипата на Барселона ја оствари 23. победа во Ла Лига оваа сезона откако на домашен терен го совлада Реал Сосиедад со 2-0. Со овој триумф каталонскиот тим се врати на втората позиција на табелата со бод предност пред Џирона.
Ламин Јамал во 40.минута го отвори резултатот во корист на Барселона. Триумфот го потврди Рафиња од пенал во судиското продолжение од мечот во 93 минута.
Борбата за титулата во Шпанија е завршена, Реал Мадрид е шампион, па Барселона и Жирона ја продолжуваат битката за утешната втора позиција, .