Германскиот шампион Баер Леверкузен продолжува во стилот од минатата сезона, кога во последните мигови стигнуваше до триумф. Денеска во голеада со седум гола, тимот на Чаби Алонсо славеше со 4-3, со гол постигнат во судиското продолжение.
Натпреварот изобилуваше со пресврти, Волфсбург имаше водство од 2-3 на полувремето, но Баер Леверкузен со головите на Хинкапи и на Виктор Бонифејс во 93.минута дојде до триумф.
Видеото од победничкиот гол погледнете го ТУКА