Фудбалерите на Наполи вчера одиграа пријателски натпревар против тимот на Беневенто на стадионот „Диего Армандо Марадона“, и во таа прилика доживеаја вистински дебакл.
Имено, актуелниот учесник во Серија Б ги совлада Наполитанците со шокантни 1: 5, што секако е еден од најголемите порази во поновата историја на клубот.
По првото полувреме, гостите имаа предност од два гола со головите на Кало и Импрата, а во второто полувреме Политано намали за домашниот тим од пенал.
Сепак, Беневенто постигна уште три гола до крајот. Погодија Фулон, Роберто Инсиње и Бринола.
Иако не играа многу фудбалери за Наполи кои беа отсутни поради репрезентативни обврски, наполитанците не требааа да си дозволат таков пораз на својот стадион од второлигашот.