Антоан Гризман е на позајмица во Атлетико Мадрид. Неговата сага во Барселона заврши и се врати таму каде што порасна во одличен фудбалер. Цената за откуп е 40 милиони евра, но условот е Гризман да одигра најмалку 50 отсто од мечевите во дресот на Атлетико Мадрид, па да се активира автоматски оваа клаузула.
Но, изненадува изјавата на првиот човек на Барселона, Лапорта кој вели дека трансферот на Гризман бил грешка.
“Никогаш не сум го критикувал, се работи за голем играч, едноставно не се вклопи во нашиот систем, од фудбалски аспект, не ни требаше таков играч. Не можам да му замерам за однесувањето, но можеше да понуди многу повеќе” вели Лапорта.