На актуелниот кормилар Герет Саутгејт очигледно веќе му се изброени деновите особено после катаклизмата во Лигата на нации со последното место, испаѓањето во Б-дивизијата, но и падот во вториот барабан за претстојната ждрепка на 9 октомври во Франкфурт за ЕП во Германија.
Раководството на ФА е незадоволно од Саутгејт и назадувањето на националниот тим за една година после загубеното финале на Еуро 2020, па сега сериозно размислуваат за смена, но останува дилемата дали да избрзаат и со нов селектор да одат во Катар или Мундијалот да биде последниот турнир за актуелниот кормилар.
Од друга страна челниците на федерацијата биле воодушевени од Покетино, добро го знаат поради работата во Тотенхем и знаат дека исклучително добро го познава англискиот менталитет, па фудбалерите нема да имаат проблем да се прилагодат на неговата работа.