Пред-сезонските НБА натпревари се во полн ек, екипите се подготвуваат за новата сезона, а во исто време пристигнаа интересни информации на тема антидопинг тестови во најсилната кошаркарска лига во светот.
Имено, познатиот кошаркарски новинар на ЕСПН, Адријан Војнаровски на Твитер објави дека во следната сезона во НБА лигата, играчите повеќе нема да бидат тестирани за марихуана, што практично значи дека барем што се однесува до НБА лигата , тие ќе можат да ја консумираат .
Се разбира, анти-допинг контролите ќе останат на сите други недозволени супстанции кои ги подобруваат физичките перформанси.
Официјалната потврда за оваа информација сеуште се чека, но се чини дека е јасно во која насока се развиваат работите.