Ненад Димитријевиќ одигра одличен меч за Уникс Казан, но неговата екипа загуби од Локомотив Кубан со 83-89 во третиот меч од полуфиналната серија во ВТБ-лигата.
Уникс на полувремето имаше водство од 57-54, но Локомотив одигра одлична трета четвртина и во последните 10 минути од мечот влезе со предност од 67-62.
Димитријевиќ заедно со неговите соиграчи успеаја да го вратат Уникс во трка за победата, меѓутоа Локомотив беше подобар во завршницата и оствари триумф од 89-83 за предност од 2-1 во полуфиналната серија.
Рејнолдс беше најефикасен кај Уникс со 24 поени, додека Димитријевиќ постигна 19 поени, осум асистенции и два скокови.