Екипата на Тоенхем со 2-1 го совлада Барнли и го испрати во Чемпионшип дивизија, а Евертон се разигра во финишот од сезоната и оствари уште една победа, овојпат над Шефилд јунајтед, Њукасл и Брајтон одиграа нерешено 1-1.
Барнли е вториот тим кој и официјално испадна од Премиерлигата, со денешниот пораз кај Тотенхем ги загубија и теоретските шанси за опстанок.
Барнли поведе со гол на Брун Ларсен во 25. минута, но само седум минути подоцна Поро изедначи на 1-1.
На осум минути до крајот на мечот гол даде Ван де Вен за победа на Тотенхем од 2-1.
Евертон со гол на Докурен во 31. минута го совлада Шефилд јунајтед со минимални 1-0.
Брајтон со гол на Велтман од 18. минута водеше кај Њукасл со 1-0, домаќините израмнија на 1-1 во судиското продолжение од првото полувреме со гол на Лонгстаф.
Вест Хем со пресврт го совлада Лутон со 3-1. Ако Нотингем форест денеска не загуби од Челси, Лутон ќе испадне од лигата.
Брентфорд со 2-1 славеше на гостувањето кај Борнмут.